Во завршен збор, бранителите на Сашо Мијалков, со тврдења дека нивниот штитеник не поттикнувал никого на насилство, бидејќи за Бошкоски веќе била отворена истрага од Јавното обвинителство
Со завршен збор на одбраната на Сашо Мијалков, денеска, во Основниот суд Скопје 1 продолжи судскиот процес наречен „Тортура“, Станува збор за судски предмет оформен по апсењето на Љубе Бошкоски, лидер на „Обединети за Македонија“, а во кој освен екс директорт на Управата за безбедност и контраразузнавање, обвинети се и тогашниот шеф на полициската единица „Алфа“, Ивица Антевски – Пуки и уште петмина негови подредени.
Според одбраната, при апсењето на Бошкоски, кое се случи на шести јуни 2011. година немало прекумерна употреба на физичка сила, а што се докажува со извештајот од Институтот за Судска медицина. Имено, во прлог на ваквото тврдење, според одбарана, одат и направените видо снимки од кои може да се заклучи дека на Бошкоски не му е иавалкана белата кошула и фармерките. Впрочем, тој во моментите кога е апсен, се смеел и со дигнати раце ги поздравувал новинарите што, пак, претпоставува дека Бошкоски бил во добра психофизичка состојба.
„Фактите укажуваат на спротивното. Бошковски, за делото за кое е осуден и поради кое било лишувањето од слобода, го извршил во три наврати. Невозможно е да се тврди дека некој е местен три пати, а притоа парите да ги става во џеб и местењето да не го пријави уште првиот пат. Документирано аудио и видео и докажано е дека тој нелегално, свесно три пати земал пари во кеш и на тој начин ја финансирал предизборната кампања“, вели во завршниот збор одбаната на Сашо Мијалков и потсетува дека Бошкоски најпрво зел 10.000 , па 20.000 и на крајот предметните 100.000 евра, коишто требало да ги употреби во изборната кампања, а во што бил спречен со неговото апсење.
А дека Бошкоски работел надвор од законот, според адвокатскиот тим на Мијалков, потврда е и усниот налог од 12, април 2011. годсина, издаден од Обвинителството, за следење на комуникациите на Љубе Бошкоски, но и за влез во неговиот дом и во други простории. Со овој налог на Обвинителството бил запознаен и Истражен судија од скоскиот кривичен суд.
Одбаната цени дека ниту Сашо Мијалков го поттикнува сега обвинетиот Ивица Анчевски, бидејќи од приложените докази може да се заклучи дека во критичниот период тие немале никаква телефонска или друг вид на комуникација, а и Анчевски не ги поттикнува своите подредени.