ПРЕСУДАТА ЗА „ТОРТУРА“ НА 17. ЈУНИ

607

Првостепената пресуда за случајот „Тортура“, односно за Сашо Мијалков и уште шестмина припадници на полициската единица „Алфа“, скопскиот кривичен суд ќе ја соопшти на 17. следниот месец.
Непосредно пред да биде изречен терминот за објава на пресудата беше даден и завршен збор и од обвинетите во овој предмет. Така, Сашо Мијалков, освен што ги поддржа завршните зборови на неговите адвокати, рече дека го отфрла обвинението како најобична конструкција. За Мијалков ова е измислен случај од Јавниот обвинител, а со овој предмет Љубе Бошкоски ќе си го испере срамот, откако бил фатен со поткуп од 100.000 евра.
Само Мијалков негираше дека се познава со другите обвинети. Тој потвреди дека го познава само командирот на единицата „Алфа“, Ивица Анчевски – Пуки, но со него немал комуникација која би се однесувала на конкретниот настан. Во поткрепа на кажаното Мијалков рече дека Обвинителството можело да обезбеди листинг на телефонски разговори и така да утврди дали тие комуницирале или не.

Спонзорирано