СЛУЧАЈ „ТИТАНИК 3“: По 3,6 години затвор за Ејуп Алими и Исмет Гури

1995

На по 3,6 години затвор кривичниот суд во Скопје ги осуди Исмет Гури и Ејуп Алими за влијание врз изборните резултати на локалните избори во 2013 година. Пресудата којашто е неправосилна доаѓа по повеќе од три години од поднесување на обвинителниот акт со кој тогашниот координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури, како член на Општинската изборна комисија за општина Чаир, се товареа за уништување на изборен материјал.
Слиучајот на Алими и на Гури ќе остане запаметен по неколку нситуации кои се случија изминативе години, а пред се барање на судија да биде изземена од водењето на овој процес, како и по неколкуте дофрлања до застапниците на обвинението.
Токму обвинителите се тие кои за сега осудените бараат од судот да им изрече безбеднсна мерка забрана за напуштање на живеалиште, како и одземање на патни исправи, на што, пак, се спротиставува одбраната на Алими и Гури.

Спонзорирано