Обвинителството ќе ја истражува смртта на жената од Струга

483

За смррта на 66 – годишната стружанка, која почина вчера од КОВИД – 19. само кратко време по добиените резултати кои покажале дека таа е инфицирана од коронавирусот ќе биде оформен предмет. Имено, како што потврдуваат од охридското Обвинителство, предмето е отоворен „по допрен глас“ во јавноста. Првичните информации говорат дека жената имала влошената здравствена состојба, но и тоа дека покрај мислењето на нејзиниот матичен лекар дека таа треба да биде хоспитализирана на Инфективното одделение во охридската болница, таму, сепак, не била примена. „Обвинителството ќе преземе дејствија во насока на расчистување на причинско последичната поврзаност и за утврдување на фактите за евентуално постоење на кривична одговорност“, велат од обвинителствтото, а министерот за здравстврто, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, не само што потврди дека за овој несреќен случај ќе се води истрага, туку и тоа дека веќе е разрешена директората на Инфективното одделение на Медицинскиот центар во Охрид. Од министерството за здравство е најавена ревизија на случајот, со цел да се утврди дали има, евентуален, лекарски пропуст.
Она што засега е познато е дејка почината имала срцева и хронична белодробна болест и покачен крвен притисок и дека, заедно со нејзиниот сопруг, две недели биле во домашна самоизолација. По појавата на првите симптоми на болеста таа, на 24. овој месец, закажала тестирање на коронавирус, а брис и бил земен два дена подоцна, но резултатите биле горови само ден пред таа да почине. Токму поради нагло влошената состојба матичниот лекар уште веднаш препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница, но таа не била примена на болничко лекување.

Спонзорирано