Корона профитери или колку навистина чини тест за корона?

5470

Најквалитетните корона-тестови не само што не чинат 5.000 денари, не чинат нииту 1.200 денари, туку 7,3 евра или 448 денари

 

Љ.Станковиќ

 

Последниве неколку дена сведоци сме дека поголемите приватни здравствени установи како се обидуваат да обвинат дека дека државата „покрадува“ со цената на тестовите за утврдување на постоење на корона висрусот, притоа не пропуштајќи, преку нивните спонзорирани медиуми, да се пофалат дека и тие поседуваат тестови кои чинат многу помалку од оние за кои државата одвојува сначајни средства.

Несомнено дека цена од безмалку пет илјади денари, односно 4.950 денари е износ за кој се издвоени „безбразно многу пари“, но и она што како цена на чинење го нудат „Жан Митрев клиника“ и „Аџибадем Систина“ не е ништо друго, туку остварување на големи заработки од набавените тестови.
Имено, 1.500 данари или 25 евра, колку што чини тестирање во „Жан Митрев“ е заработка која е за безмалку пет пати повисока од реалната цена на чинење на тестот, а заработката на „Систина“, која за тестирање наплатува 1.200 денари или 20 евра, е четири пати повисока од цената на чинење на тестот.
Во обид да ги докажеме ваквите тврдења, „Правосуство“ направи неколку проверки на цените и тоа токму на овој тест за којшто „Систина“ најави дека ќе чини само 20 евра за тест и дека тие веќе набавиле 15.000 вакви тестови. Проверките кои ги направивме покажаа дека тестот кој што е набавен ( и чија точност е преку 97 отдто) чини само 7,3 евра, односно дека за содржина од 25 теста се наолатува 184 евра или 11.377 денари!
Кажано со други зборови ова претпоставува дека се плаќаат само 10 теста, а другите 15 се чист ќар! Некои груби пресметки покажуваат дека со набавката на 15.0

00 тестови се остварува профит од околу 200.000 евра?!
Споредбено со цените кои ги има „Жан Митрев“ ова значи дека еден тест не чини 7,3 , туку цели 25 евра, односно дека се доволни само четири теста за да се покрие цената

на набавката на тестови, а се друго е чиста заработка.

Не навлегувајќи во делот кој се однесува на тоа кој и кога ја донел одредбата за „слободен увоз“ на корона тестот, како и тоа кој се јавува како импортер, а за потребите на државата, сепак, треба да се каже дека цена од 4.950 денари.

Впрочем, би било убаво сите оние кои поседуваат корона тестови ( а кога веќе не даваат никаква донацвија) да кажат колку ги чинат тестовите и зошто толкку мора да заработуваат во време на најголемата пандемија којашто ја памети човештвото?