На обвинителствто му недостигаат информации поврзани со Нина Цаца-Билјановска

2246

Министерот за здравство, Венко Филипче, потврди дека уште еден пациент е поврзан со Кожната клиника, а само малку пред тоа скопското обвинителство кажа дека продолжува активно да постапува во предметот кој с однесува на Нина Цаца-Билјановска, сега веќе поранешна директорка на Клиника за дерматологија – Скопје.
„Заради правилно информирање на јавноста, Основното јавно обвинителство-Скопје известува дека на 19. март од СВР Скопје беше поднесено писмено известување кое се однесува на поранешната директорка на ЈЗУ Универзитетската клиника за дерматологија-Скопје, а во поглед на предавањето кое таа го одржала пред поголема група доктори. Кон тоа известување не беше приложена целата потребна документација, туку само писмена документација која се однесува на тоа кога лекарката се вратила во земјава од Италија и кога и била констатирана здравствената состојба на Клиниката за инфективни болести“, се вели во соопштението на Обвинителството од каде и појаснување дека заради комплетирање на целата потребна документација, следниот ден обвинителот дал налог до полицијата за доставување податоци до Министерството за здравство. Од Министерството се бараат информации поврзани за семинарот, односно кој се бил присутен и дали неој од учесниците се заразени со коронавирусот.
Од обвинителството појаснуваат дека се уште не е постапено по нивната наредба, но дека ако се укаже потреба тие ќе преземат и други истражни дејствија, а потоа ќе следи и јавнообвинителска одлука.