Со три ефективни, една условна и една ослободителна казна денеска е пресуден случајот наречен „Еразмус“, во кој обвинети беа професори од Економскиот факултет во Скопје.
Имено, на по две години затвор, скопска „единица“, го осудеи професорот Бобек Шуклев, а шест месеци повеќе добија неговите колеги Славе Ристевски и Драги Јанев, за сторено кривично дело примање поткуп, како и за примање награда за противзаконско влијание. Согласно првостепената пресуда на осуденмите им се забранува вршење дејност во времетраење од 10 години.
Демонстраторот Драган Денковски, кој се јавува како посредник меѓу студентите и професорите е осуден на казна затвор во траење од две години, но којашто казна му се заменува за условна доколку во следните пет години не стори ново кривично дело. Обвенувањата за професорот Стојан Дебарлиев не се докажани и затоа за него е изречена ослободителна пресуда.
Случајот со примањето на поткуп, во јавноста познат како „Еразмус“, датира од почетокот на летото 2016 година. Обвинитрлството, излезе со тврдења дека професорите, за преодна оценка, барале помеѓу 500 и 1.000 евра, но и тоа дека професорот Шуклев освен што за две оценки побарал 1.000 евра, туку „ескорт“ придружба при посети на ресторани и трговски центри. Ваков вид на услуги заговарал и професорот Драги Јанев. Според обвинителствто, на акцијата и претходеле мерки, првенствено во следење на сега осудените, во траење од две години.