Скопскиот суд му испрати пресуда на Грујевски на грчки остров

1384

Додека е во бегство во Грција, поранешниот началник на Петтата управа Горан Грујевски доби пресуда за случајот „Тврдина 2“, што го отвори СЈО.

Една и пол година затвор му изрече Основниот кривичен суд во Скопје на избеганиот Грујевски, за кој СДК јави деновиве дека си нашол и работа на грчки остров,  каде што, наводно, работел како пекар во кујна во ресторан.

Пресудата е донесена во повторена постапка, а е идентична како и првата, за која скопска Апелација во мај лани одлучи да го врати предметот на повторно судење

Грујевски е првообвинет во случајот, „Тврдина 2″,  во кој им се суди на шестмина вработени во УБК за фалсификување службена исправа и за уништување службена документација поврзано со незаконското прислушување.

Грујевски, заедно со колегата Никола Бошкоски,  пред две години избега од земјава додека во судот се одолговлекуваа процедурите за нивно притворање. Тие двајца се главните обвинети во основниот судски процес  „Тврдина-Таргет“, за масовното незаконско прислушување, кое траело со години за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Грујевски е обвинет и во „Трезор“.