Боки 13 бил на 25 прегледи, ама нема пропусти во неговиот третман

1097

Од извршениот вонреден инспекциски надзор во ординацијата во затворот  во Шутка , Државниот санитарен и здравствен инспекторат не констатирал недостаоци кои се во нивна надлежност, информира од  ДСЗИ, по обвинувањата на адвокатот Сашко Дукоски за негрижа кон неговиот клиент Бојан Јовановски – Боки 13. Тој веќе неколку месеци е во притвор, како првоосомничен, а сега и обвинет за случајот „Рекет“. Во меѓувреме во домашен притвор замина второосомничениот Зоран Милевски – Кичеец, а пред неколку дена и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

-Во врска со објавените информации во електронските медиуми од страна на адвокатите на Бојан Јовановски, кои обвинуваат за лекарска негрижа, во однос на неговата здравствена состојба, од страна на ДСЗИ, на ден 20.11.2019 година. извршен е вонреден инспекциски надзор во ординацијата која се наоѓа во рамки на КПУ Затвор Скопје, а е дел од ЈЗУ Здравствен дом Скопје.

Од извршениот увид во медицинската документација притворениот Ј.Б. прв пат побарал лекарска помош на ден 16.07.2019 година при што е прегледан и ординирана му е терапија. Во периодот од 16.07.2019 година па до 13.11.2019 година за пациентот евидентирани се вкупно 25 прегледи при што се издавани специјалистички  и болнички упати до здравствени установи на секундарно и терциајрно ниво (болнички здравствени установи). При тоа упатите се давани со предходно медицинско  известување до надлежниот суд  за добивање  на согласност за понатамошно лекување, но во дел од случаите пациентот е пратен со Итна медицинска помош до одредена здравствена установа во интерес на побрзо добивање здравствена услуга, за што постои уредна евиденција. Од извршениот вонреден инспекциски надзор, не се констатирани недостатоци во надлежности на ДСЗИ, велат оттаму.