Скопски Бони и Клајд обвинети за разбојништво и кражби

    507

    Скопското јавно обвинителство денеска поднесе обвинителен акт за едно лице за сторени кривични дела: разбојништво и разбојничка кражба, а за него и за неговата соизвршителка е поднесен и обвинителен предлог за сторен кражба.
    Сега обвинетиот на 11. мај, оваа година, во влез на станбена зграда на улицата „Радика“, со употреба на закана дека непосредно ќе и го загрози животот од една оштетена одзел ранец во кој имало пари и други предмети, во вкупна вредност од 26.600 денари. Разбојникот, вееднаш после оштетената, влегол во влезот на зградата, а потоа и се заканил со пиштол за исфрлање синтетички топчиња. Тој побарал од оштетената да му ги даде сите предмети коишто таа ги имала кај себе, а потоа и го побарал и клучевите од станот и од возилото, но откако таа му се спротивставила, тој на сила и ги одзел бараните предмети.
    Само четири дена подоцна, пред влез на зграда на улицата „Варшавска“, обвинетиот и неговата „помошничка“ забележале една оштетена како стои со количка за бебе, но и тоа дека лифтот во зградата бил надвор од употреба. Сега обвинетата и понудила на оштетената обвинетиот да и помогне и да и ја качи количката до катот каде што живее, а откако оваа се согласила двете, заедно се искачиле до третиот кат. Кога оштетената започнала да ја отклучува вратата од станот забележала дека и го нема мобилниот телефон кој претходно го оставила количката. Таа се упатила кон обвинетиот кој веќе тргнал да си оди. Затечен во кражба, тој започнал да ја турка и да ја удира во ѕидовите, а во еден момент го извадил и пиштолот, заканувајќи се дека ќе ги убие и нејзе и нејзината малолетна ќерка. Тој побарал да му се отвори влезната врата од станот и да му ги даде сите вредни предмети, но оштетената се спротивставила и започнала да вика, а кога се ојавиле соседите разбинкиот се дал во бегство.
    На 25. истиот месец, од стан на улицата „Драгиша Мишовиќ“, двајцата обвинети одзеле патики и чизми вредни 32.600 денари. Кражбата била извршена така што сега обвинетиот разговарал со сопственикот на станот, а за тоа време неговата партнерка крадела.

    Спонзорирано