По барање за изземање на обвинителката Русковска, одложен стартот на судењето за „Рекет 2“

1814

На барањето за изземање на Русковска, поднесено од сега обвинетата Фросина Ременски, се приклучи и веќе осудениот Боки 13

Поранешната пратеничка Фросина Ременски уште на стартот на судењето за случајот наречен „Рекет 2“, побара изземање на обвинителката Вилма Русковска, односно нејзино непостапување во случајот кој се однесува на криминалното работење на невладината организација „Меѓународен сојуз“ чијшто сопственик е Бојан Јовановски викан Боки 13.
На барањето на Ременски, која, патем, се сомнева во непристрасноста на обвинителката, се приклучи и веќе осудениот Боки 13, па судијката Софче Гаврилова -Ефремова само донесе решение со кое судењето се одложува, односно го презакажува за 21. овој месец.
Во вториот предмет, во кој, исто така како обвинет се јавува Боки 13, се товарат и веќе спомената Фросина Ременски, потпретседателката на невладината организација Јасна Мандиќ, таткото на Бојан, Миле Јовановски, кој во октомври минатата година за нанесување на тешки телесни повреди беше осуден на шест месец затвор, како и Христина Блажеска. Обвинетите во „Рекет 2′ ќе одговараат измами и за перење пари, а Миле Јовановски за неовластено поседување на огнено оружје.
Јавното обвинителството, а по сведочење на битилчанецот Силјан Мицески и стружанецот Ардијан Амзоски, ги обвини споменатите дека со измама се стекнале со ротивправна имотна корист од повеќе од милион евра.
Некаде кон средината на минатиот декември екс-птратеничката Ременски, по иавршен увид во предметот, рече дека себеси не се гледа како некој кој сторил кривично дело и затоа нејзините очекувања беа во насока на нејзино изземање од кривичната постапка, но така не мислеше и Основнмото јавно обвинителствто за гонење на организиран криминал и корупција.

 

( фото: Макфакс)

Спонзорирано