СКОПСКА АПЕЛАЦИЈА ЈА УКИНА ПРЕСУДАТА ЗА „ТРЕЗОР“

545

Повисокиот суд констатирал дека скопска „единица“ сторила суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка, со што било доведено во прашање фактичката состојба и правилната примена на Кривичниот законик

Скопскиот Апелациониот суд Скопје ја укина првостерпена пресуда за случајот наречен „Трезор“, а во кој како обвинети се јавуваа поранешниот директор на некјогашната УБК,Сашо Мијалков, неговиот шеф на кабинет Тони Јакимовски, екс- началникот Горан Грујовски и Небијша Стајковиќ.
„По одржана јавна седница, судот донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите Сашо Мијалков, Горан Грујовски, Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски, изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување“, се вели во соопштението на Апелација и во кое уште е наведено дека „Апелациониот суд Скопје при разгледување на побивата пресуда констатираше дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка, со што се доведува во прашање фактичката состојба и правилната примена на Кривичниот законик“.
Согласно неправосилната пресуда Сашо Мијалков, за две кривични дела, односно за сторена злоупотреба на службената положба и овластување беше осуден на по пет години затвор, односно беше осуден на единствена казна во траење од осум години. Недостапниот Горан Грујовски, исто така, обвинет за две кривични дела за двете дела беше осуден на по 10 години затвор, односно на единствена казна во траење од 15 години, а на Небојша Стајковиќ, за едно кривично дело, судот му изрече затворска казна во траење од пет години, додека Тони Јакимовски, којк се товареше за две кривични дела доби по три години затвор кој му беше заменетѕ за единствена казна во траење од пет години.

Спонзорирано