ПРАВОСУДЕН ИСПИТ И ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ!

593

Поранешниот министер за правда Туше Гошев дојде на функција, а немаше положен правосуден испит, но човекот барем имаше храброст да го каже она што никој друг од надлежните не зборуваат за скандалот со синот на Талат Џафери

 

Љубиша Станковиќ

Помина скоро една недела, а се’ уште не слушнав да се огласат државните институции за тоа како синот на Талат Џафери положил правосуден испит, иако момчето не бил диломиран правник.
Се надевав дека ќе се огласи министерот за Правда или барем министерството коешто тој го раководи, ама изгледа дека бадијала сум се надевал. Не се огласија ниту Министерството за образование, па ни самата Влада. Верував дека, ако ништо друго, некој повторно ќе добиеше укор, каков што му беше изречен на министерот за правда кога со денови ја мамеше јавноста дека со свои пари патувал во Палермо на фудбалски натпревар. Ништо од сето тоа! Молк!
На моменти се прашувам самиот себеси дали некој од власта не слушнал за скандалот со синот на Талат и за „дискреционото право“ на едикој си министер да дозволи да се полага правосуден испит, а да не си завршен студент и дека во Министерството за правда недостасуваат документи кои ќе потврдат дека некој нешто полагал.
Мене лично не ми се верува дека доказите се изгубени. Напротив, верувам дека такви докази и нема, а нешто и не сум убеден и дека недоучениот правник воопшто полагал правсуден испит.
За скандалот да биде уште поголем се погрижи ректорот на Универзитетот на Југистона Европа, Абдулменаф Беџети, кој појасни дека не се работи за диполми, туку за издени уверенија и дека не биле издадени 437 туку „само“ 200 уверенија?! Демек, не биле многу? Што ли?
Да имавме (правна) држава сега ќе имаше одземање на лиценца и на Штуловиот универзитет повеќе ќе немаше правен факултет.
Не знам што се треба да се случи за да имаме одземање на лиценци, поништување на (не)положени испити и барање за кривична одговорност за сите инволвирани во ваков еден скандал? Но, ако сето ова се дозволува, тогаш зошто не им се даде можност на деца кои се средношколци, а на кои правото им е „на срце“, да полагаат правосуден уште пред да се запишат на било кој Правен факултет?
На целава оваа ситуација како најголема смешка доаѓа гстувањето на адвокатот Туше Гошев на една телевизија каде тој објаснува дека „недипломиран правник не може да полага правосуден испит“. Не, не дека човекот не е во право, ама оние кои се со малку подолога меморија ќе се сетат дека Туше Гошев беше (чинам и единствен) министер за Правда кој дојде на функција, а немаше положен правовусуден испит и дека полагањето на правосудниот испит му се случи токму во време додека тој ја извршуваше функцијата мнистер за правда!
Како и да е Туше Гошев барем имаше храброст да го каже она што никој друг од надлежните не сакаат.
А дека скандалите во правосудството немаат крај потврда се и Зоран Герасимовски и Фиданка Рајевска. На јавноста и е познато дека нивниот избор за членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители е веќе (о)спорен, но тоа изглада никому не му пречи за работите да си течат онака како што си течат. Претпоставувам дека и ова ќе мине како што кај нас се минува и дека за три дена се ќе се заборави?
Случајот на претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска немам намера да го коментирам. За него очекувам дека допрва ќе се раскажува
На крајот само ќе потсетам дека довербата во судството била осум проценти!
Само, дали се и осум….

Спонзорирано