ВЕСНА ДАМЕВА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СУДСКИОТ СОВЕТ

704

За нова претседателка на Судскиот совет на РСМ денеска е избрана Весна Дамева. За неа гласаа десетмина нејзини колеги, а против гласаше само судијката Лорета Георгиева, од Струмица.
За текот на денешната седница и за изборот на Дамева од Судскиот совет на Република Северна Македонија кусо информираа дека „на 422. седница одржана на ден 05.12.2022 година е одлучено за следното: 1. Констатиран е престанок на мандатот на претседателот на Судскиот совет на Република Северна Македонија Павлина Црвенковска, по сопствено барање; 2. За претседател на Судскиот совет на РСМ избрана е Весна Дамева, член на Судскиот совет на Република Северна Македонија“.
Весна Дамева, непоседно по изборот за нова претседателка на Судскиот совет најави дека за корумпирани судии ќе нема втора шанса.
Инаку, името на Дамева се врзува со таканаречниот бунт на членовите на Судскиот совет, избрани од редот на судиите, а кои не изгласаа голем дел од предлозите на сега веќе поранешната претседателка Павлина Црвенковска, за битни позиции во Академијата за судии и обвинители.
Како што е веќе познато Црвенковска, која на челното место во Судскиот совет дојде кон крајот на миатиот април, минатата недела побара да биде разрешена од функцијата.

(Фото: 360 Степени)

Спонзорирано