ОБВИНЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ТЕЛЕВИЗИСКИ СНИМАТЕЛ

420

Нападот на телевизиски снимател, кој се случи на 14. овој месец, резултираше со поднесување на обвинителен предлог за напаѓачот за кривично дело: насилство, согласно член 386 став 3 а во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Сега обвиненетиот, лице на возраст од 67-години, со навреди и со грубо насилство ја загрозил сигурноста на телевизиска екипа којашто снимала во близина на неговиот дом. Имено, тој најпрвин вербално, а потоа и физички го нападнал снимателот, удирајќи го со десниот лакт по долната вилица со што му нанел телесна повреда изразена како набиеница. Физичкиот напад предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв кај новинарот и возачот на телевизиската екипа.
Инаку, освен обвинителен предлог, јавниот обвинител до скопскиот кривичен суд доставил и предлог со кој се бара продолжување на мерката куќен притвор за обвинетиот. ​

Спонзорирано