Скопска Апелација ја укина пресудата за „Титаник 2“

2367

Како што пренесува порталот „Сакам да кажам“, скопскиот Апелационен суд ја укинал првостепената пресуда за предметот наречен „Титаник 2“, а во кој како обвинети се јавуваат екс-директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, членот на ДИК од редовите на спомената партија, Бедредин Ибраими и поранешните членови на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ: Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев. Според споменатиот портал информацијата за укинување на пресудата се уште не е официјално потврдена, но дека веќе е донесена одлука и сега само се чека таа да биде напишана. Укинувањето на пресудата, наводно, е поради направени суштествени повреди на постапката која се водеше во скопскиот кривичен суд, па повискиот суд, со дадени препораки, предметот го враќа на повторно одлучување.
Во случајот „Титаник 2“, кој се однесува за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година, на највисока затворска казна во траење од четири години и шест месеци доби Бедредин Ибраими, на по три години затвор беа осудени: Сашо Мијалков, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев, диодека Мендух Тачи беше осуиден на затворсја казна во траење од три години и два месеца.

Спонзорирано