СКОПСКА АПЕЛАЦИЈА ЈА УКИНА ПРЕСУДАТА ЗА СЛУЧАЈОТ „ТАРГЕТ-ТВРДИНА“

191

Скопскиот Апелационен суд одлучи да ја укине првостепната пресуда и случајот наречен „Таргет-Тврдина“ да го врати од почеток. Како и во претходните неколку случаи и ова укинување е поради сторени „суштествени повреди во постапката“.
Инаку, за уништување на опремата за прислушување, односно за нелегално прислушување, согласно првостепената пресуда, скопскиот кривичен суд на шестмина обвинети им изрече затвосрки казни од вкупно 55 години. Имено, првостепениот суд на највисоки казни, во траење од по 15 години, им изрече на бегалците Горан Грујовски и Никола Бошковски, а екс-директорот на сега некогашната УБК, Сашо Мијалков, за три кривични дека, му изрече единствена казна затвор во траење од 12 години. Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, за сторена злоупотреба на службената положба и овласување беше осудена на казна затвор во траење од четири години, Тони Јакимовски, шеф на кабинетот на Мијалков, беше осуден на шест, а Надица Николиќ на три години затвор.
На лицата Владимир Варелов, чиј личен идентитет го искористи екс-началникот Горан Грујовски кога бегаше од земјава, Марјан Шумоликовски, Васил Исаковски и Силвана Златкова, обвинети за злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластување, беа осудени на затворски казни во траење од по две години, но тие им беа заменет за условни казни во траење од пет години, а на уловна казна од три години, за сторен кривично дело: фалсификување службена исправа, беше осудена обвинетата Валентина Симоновска.
Неодамна скопска Апелација ја укина и пресудата за случајот нареч „Трезор“, а во кој Сашо Мијалков беше осуден на затворска казна во траење од осум години.

Спонзорирано