ОТВОРЕНА ИСТРАГА ЗА 10 ЛИЦА МЕЃУ ОСОМНИЧЕНИТЕ ОБВИНИТЕЛ И ПОРАНЕШЕН МИНИСТЕР

366

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал (ОЈО ГОКК), а по повеќемесечна предистражна постапка, донел наредба за отворање истрага за десет лица за кои се верува дека сториле продолжено кривично дело: злоупотреба на службена положба и овластување. Како што потврдуваат од Овинителството, сега осомничените со преземените противправни дејствија на помагање на првоосомничениот, сите заедно предзвикале штета на државниот Буџет во висина од 25.502.282 денари, односно 450.000 евра.
Во периодот од 2010 година до 2018 година во Делчево првоосомничениот, инаклу поранешен јавен обвинител, во својство на службено лице-секретар и законски застапник, член на Собрание и член на Извршен одбор на здружение на граѓани во државна сопственост, а истовремено и одговорно лице-управител во правното лице во приватна сопственост, ја искористил својата службена положба и ги пречекорил своите службени овластувања. Тој, во периодот од 2010 година до 2015 година, со намера да прибави противправна корист за себе, а подоцна во периодот од 2015 до 2018 година со намера да прибави противправна корист за себе и за својот син, ја искористил својата службена положба и ги пречекорил своите службени овластувања. Првоосомничениот со умисла потпомогнат од останатите осомничени во својство на службени лица-членови на органите на граѓанското здружение и друштвото во приватна сопственост, преземале противправни дејствија со кои противправно сукцесивно го присвоиле севкупниот движен и недвижен имот, имотни права и парични средства сопственост на граѓанското здружение во државна сопственост и го префрлиле на правното лице- друштво во сопственост на првоосомничениот што ја извршува истата дејност како и здружението, кое 2017 година згаснало поради ликвидација.
Освен членовите на Собранието и Извршниот одбор на здружението меѓу кои е осомничен и поранешен министер без ресор, осомничени се раководител во Управата за имотно правни работи во Министерството за финансии, државен правобранител, нотар и двајца овластени регистратори од Централен регистар на Р.С. Македонија.
На предлог на јавниот обвинител, Судија на претходна постапка од скопскиот кривичен суд определил мерка куќен притвор за двајцата првоосомничени.​

Спонзорирано