СКОПСКА АПЕЛАЦИЈА ЈА ПОТВРДИ ПРЕСУДАТА ЗА ВЛАДМИР ПАНЧЕВСКИ

770

Разрешениот Владимир Панчевски ќе мора на издржување на затворската казна во траење од 2,6 години, откако скопска Апелација му потврди првостепената пресуда на велешкиот Основен суд. Имено, порешниот судија сега ќе треба да очекува упатен акт и потоа да започне со издржување на казната.
Владимир Панчевски, како што веќе пишувавме, најнапред беше осуден на казна затвор во траење од три години и шест месеци, но Апелациониот суд во Скопје му ја намали казната за една година. По само не цели две недели од неговото заминување на издржување на затворската казна тој приговорил до Врховиот суд на непочитување на Европската конвенција, односно дека нему му било ускратено правото да присуствува на Јавна седница во Апелациониот суд во Скопје. Некаде во втората половина на февруари, оваа година, Врховниот суд донесе одлука со која ги укина двете донесени пресуди, а како причина за ваквата нивна одлука беше наведено дека имало прекршување на членот 6 став 1 од Европската конвенција за човекови права. Ваквата одлука ја донесе Совет кој го сочинуваа судиите Сафет Кадрии, како претседател и судиите Фаик Арслани, Џемаили Саити, Африм Фидани и судијката Мирјана Лазарова-Трајковска. Она што, освен одлуката, внесе доза на сомнеж е фактот дека дури четворица членови на Советот се Албанци.
Инаку, Владимир Панчевски се товареше за злоупотреба на службената положба и овластување, односно дека од 23. јануари 2013 до 14. септември 2016 година, од попзиција претседател на скопска „единица“, без примена на системот АКМИС, односно по негова волја, на рака и со потпис на судиите им доделил за работа дури 45 судски предмети.
По неговото разрешување од судиската функција за него беше отворена судска постапка, но тој тој со месеци го избегнуваше судот во Велес, кој, пак, мораше да нареди негово приведување и притворање.

Спонзорирано