За скопјанец кој продавал хашиш во Куманово, тамошното Јавно обвинителство отворило кривична истрага за недозволена трговија со опојни дроги.
Сега осомничениот, во вторникот, на локалниот пат село Никуштак – Куманово, во атарот на споменатото село, заради продажба поседувал наркотична дрога. Тој, на наведената локација, застанал и излегол од својот автомобил.
Во едната рака сега осомничениот држел две најлонски пакувања во 306,24 грама хашиш, но токму во тој моменти бил затекнат од полициски службеници кои извршиле негов претрес, по кој дрогата била пронајдена.
Судијата на претходна на сега осомничениот му определил мерка притвор во траење од 30 дена.
Спонзорирано