Скопјанец обвинет за пукање, а обвинителот со барање за продолжен куќен притвор

    1036

    Основното јавно обвинителство Скопје поднело обвинителен акт против 24-годишен скопјанец со којшто го товаери дека сторил кривично дело: недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
    Сега обвинетиот, на втори овој месец, пред зграда на улицаат „Струмичка“, неовластено држел пиштол „Глок“ со калибар 9 милиметри. Имено, критичниот ден тој се движел со моторцикл без регистарски таблици, а на себе носел панцир. Во еден момент тој бил пресретнат од неколку непознати лица кои истрелале повеќе куршуми кон него, нанесувајќи му притоа однострелна повреда во левата потколеница. На пукаењето обвинетиот возвратил со испукување на шест куршуми, а потоа се скрил во влез од зграда, а пиштолот се обидел да го скрие во сандаче на ЕВН. Јавен обвинител за обвинетуот барал мерка куќен притвор, а сега побарал продолжување на истата мерка, притоа наведувајќи дека се уште постојат основите за бегство, за влијание врз сведоците или за повторување на делото.​

    Спонзорирано