Обвинителството со жалба по изречена условна осуда за случајот на Тамара Димовска

881

Скопското јавно обвинителство поднело жалба на условна пресуда, којашто ја изрече скопскиот кривичен суд за една од обвинетите во случајот со лекувањето на сега починатата Тамара Димовска, од Велес.
Како што појаснуваат од обвинителството, тие, постапувајќи по поднесениот обвинителен акт, а по барање на обвинетата, заради здравствени причини, Судот ја раздвои постапката против неа е донесена пресуда со која таа е огласена за виновна и и е изречена казна затвор во траење од една година, која нема да се изврши доколку обвинетата во рок од три години, по правосилноста на пресудата, не стори ново кривично дело.
„Во жалбата надлежниот јавен обвинител оценува дека првостепениот суд правилно ја оценил фактичката состојба кога нашол дека кај дејствијата на обвинетата се содржани елементите на кривичното дело: несовесно работење во службата, од член 353-в став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, но изречената кривична санкција според Обвинителството не е адекватна на стореното кривично дело и не води до остварување на целите на казнувањето, во смисла на специјална и генерална превенција на ваков вид кривични дела. Од тие причини, надлежниот јавен обвинител побара од Апелациониот суд Скопје да ја уважи жалбата и да ја преиначи пресудата во делот на одлуката за кривична санкција, па на обвинетата да и изрече построга санкција“, се вели во соопштението лиферувано од Јавното обвинителство од каде и потсетување дека за несовесното лекување на Тамара Димовска беше поднесено обвинение за 12 лица за несовесно работење во службата.
Од обвинителството потсетуваат дека случајот со малата Тамара димовска бол отворен по допрен глас и по поднсенеа кривична пријава од Хелсиншкиот комитет, како и тоа дека истрагта утврдила пет членови на Првостепената лекарска комисија, за одлучување по правото на лекување во странство, донеле негативно мислење.

Спонзорирано