Обвинителството со жалба за висината на казната за ланското убиство во Ново Лисиче

285

И покрај правилната примена на Кривичниот законик обвинителстгвто најавува жалба на затворската казна од три години за сторено кривично дело: убиство на миг, од член 125 од Кривичниот законик

 

Скопското јавно обвинителство вложи жалба по пресудата со која 18- годишник, во август минатата година, го уби младиот Никола Христовски, а за што беше осуден на казна затвор во траење од три години.
На жалбата која што ќе следи и која ќе биде разгледувана во скопскио Апелационен суд и претходи едан обемна елаборација зошто ќе се бара нова казна, но и потсетување на целиот трагичен случај, па така од обвинителствто ќе наведат дека убиството се случило на 14. август на булеварот „Видое Смилевски-Бато“, во населбата Ново Лисиче и дека „обвинетиот 18-годишник, доведен без своја вина во состојба на силна раздразнетост со напад и тешко навредување, со умисла го лишил од живот оштетениот Никола Христовски. Имено, група од повеќе лица, во која бил и оштетениот, го пресретнала обвинетиот во близина на една бензинска пумпа и започнале да го навредуваат и физички да го напаѓаат со влечење и удари по телото. Обвинетиот почнал да бега кон зградите, а групата од околу 30 лица трчале по него, извикувајќи навреди и пцовки. Кога се доближил до влезот на една зграда обвинетиот се обидел да влезе, но не успеал. Во тој момент, прв до него стигнал оштетениот Никола Христовски, па обвинетиот доведен во состојба на силна афективна раздразливост, реагирал импулсивно и не бил во состојба логично да размислува, да расудува и да раководи со своите постапки. Тој извадил нож со сечиво од 9 сантиметри и на оштетениот му задал убодна рана во десната страна на градниот кош. Оштетениот бил пренесен во Ургентниот центар ‘Мајка Тереза’ каде му бил извршен хируршки зафат, но починал како резултат на крваречки шок“.
Обвинитерлството е на став дека законското битие на кривичното дело – убиство на миг, од член 125 од Кривичниот законик, пропишува дека тој што друг ќе лиши од живот на миг, доведен без своја вина во состојба на силна раздразнетост со напад или со тешко навредување од страна на убиениот ќе се казни со затвор од една до пет години.
Оттаму и потсетување дека Основното јавно обвинителство Скопје, на 7. февруари оваа година, до Основниот кривичен суд Скопје поднело обвинение за едно лице за кривично дело: убиство на миг.
„Поднесувањето на обвинение, со таа правна квалификација, следеше по сеопфатна анализа на сите вербални и материјални докази обезбедени во текот на претходната постапка. Па така, од тие докази неспорно произлезе дека обвинетиот го сторил кривичното дело во состојба на силна афективна раздразнетост, делувал афективно-импулсивно и не бил во состојба логично да размислува, да расудува и да раководи со своите постапки. Оваа психолошка состојба на сторителот неспорно произлезе од изготвениот вешт наод и мислење од ЈЗУ ‘Универзитетска клиника за психијатрија-Скопје’, од тим од три вешти лица“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство и се појаснува дека „од субјективен аспект, ова кривично дело е умислено, а не е кривично дело сторено од небрежност, со тоа што се работи за миговна умисла и донесување брза и ненадејна одлука да се изврши делото, кога сторителот се наоѓа во состојба на силна раздразнетост без своја вина“, но и тоа дека оваа правна квалификација, во целост одговара на случениот настан.
Во текот на судската постапка, како што велат од обвинителството, правата на законските застапници на оштетениот-неговите родители ги штител адвокат кој во текот на целата постапка не ја оспорил ниту фактичката состојба ниту правната квалификација на делото, ни и тоа дека овој случај не смее да се злоупотребува​.