Скопска Апелација ја укина пресудата за „Тревник“

2168

На Драган Павловиќ- Латас и на неговите двајца браќа, согласно одлуката на повисокиот суд, ќе им се суди од почеток

Како што пишува порталот „Сакам да кажам“, Апелациониот суд во Скопје ја укинал ослободителната пресуда за случајот наречен „Тревник“, а кој се однесува на бесправното градење на Драган Павловиќ – Латас и на неговите браќа Срѓан уки Звездан Павловиќ.
Како што пишува „СДК“ пресудата била укината поради „суштинска повреда на постапката и поради нецелосно утврдена фактичка состојба“. Предметот кој се однесува на изградбата на три куќи во Зелениково повисокиот суд го вратил во скопскиот кривичен суд на повторно одлучување.
Инаку на изрекувањето на првостепената пресуда, во јули мимнатата година, судијката Марија Клетничка Марковски кажа дека делото за кое се товарат браќата Павловиќ не претставувало кривично дело, а дека тие и покрај бесправниот старт на градежните активности имале поднесено барање за издавање одобрение за изградба на викенд куќа до општината, прикривајќи дека градбата веќе е почната.
Со изрекувањето на ослободителната пресуда судијката Марија Клетничка Марковски рече дека и направените трошоци во постапката паѓаат на товар на државата.
Незадоволна од изречената санкција тогашната специјалната јавна обвинителка Елизабета Јосифовска најави жалба, бидејќи за неа обвинението било и основано и издржано.

Спонзорирано