СКАНДАЛОЗНО: ГРАД СКОПЈЕ ОСТАНА БЕЗ ПЕЧАТАЧИ!

669

Фирмата која на Градот му изајмуваше печатачи, од минатата недела јс повлекува опремата, а денеска се земени и последните печатачи

Град Скопје од денеска е без печатачи! Имено, фирмата која со Градот имаше договор за изнајмување на печатачи утрово си ги повлече и последните испорачани печатачи, иако договорот со неа истекува кон крајот на октомври.
Како што дознава „Правосудство“ повлекувањето на петачатачите започнало уште во текот на минатата недела, а Град Скопје, заради свои потреби за печатење побарал помош од јавните претпријатија и училишта кои се под нејзина надлежност.
Која е причината поради која фирмата изнајмувач си ги повлекува своите изнајмени печатачи засега е непознато, но она што е засега извесно е дека тригодишниот договор потпишан со Град Скопје истекува на 21. октомври, оваа година. Инаку, согласно потпишаниот договор, фирмата се обврзала да му изнајми повеќе печатачи, а Градот за таа услуга да и’ плати 4,5 милиони денари. Во договорот е вклучен и месечен надомест за изнајмената опрема, како и сервисирање и мониторинг на опремата за што дополнително треба да се плати уште 11.900 денари.
Што се случува во Град Скопје одговор треба да даде градоначалничката Данела Арсовска.

Спонзорирано