Скопското јавно обвинителство поднесе обвинителен акт за едно физичко и едно правно лице за кривично дело: бесправно градење, согласно член 244 – а од Кривичниот законик.
Сега обвинетиот, како управител во правното лице, почнувајќи од 2018 година, без правосилно одобрение за градење издадено од надлежен орган, во име и за сметка на правното лице како инвеститор градел деловен објект на сопствено земјиште на улицата „Даме Груев“, општина Центар.
За предметните две катастарски парцели, обвинетиот во 2016. година добил одобрение за градење, кое се однесува на доградба и надградба на тогаш постоечкиот објект Стоковна куќа ‘Беко’ Скопје, со ширина од 28,5 метри и должина од 42,5 метри. Со стручно мислење за неисполнување на карактеристиките за носивост на доградбата и надградбата, во 2018 година тој обезбедил одобрение од Општина Центар за отстранување на постоечкиот деловен објект. Откако го урнал објектот, без да добие ново одобрение за градење, на лице место започнал и градел нов објект со димензии од 61 метср х 34,5 метри. Од градбата со нови димензии, која била проектирана како деловен објект со намена Б-5 хотелски комплекси од втора категорија на градби, без соодветно одобрение биле изградени две подземни нивоа.
ОБВИНЕНИЕ ЗА БЕСПРАВНО ГРАДЕЊЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ
Спонзорирано