Силвија Стојановска не чувствува вина за шверц на 700 кила кокаин

2729

И обвинетиот Војислав Будисављевиќ, како и актерката, го разбрал обвинителниот акт, но и тој не чувствува вина за она за што го товари Обвинителството 

Обвинителниот акт кој ги товари за нелегална трговија со близу 700 килограми кокаин го разбираат, но ниту глумицата Силвија Стојановска, ниту нејзиниот сопруг Војислав Будисавјевиќ не чуствуваат вина, бидсјќи тие, навосно, не го сториле делото за кое што се товарат.

На денешниото рочиште се читаше обвинителниот акт, а продолжението на судењето е закажано за почетокот на септември.

Силвија Стојановака и Војислав Будисавњевиќ се само двајва од петтемина уапсени во акцијата за сузбивање нелегална трговија со наркорични дроги која беше наречена „Колибри“. Имено, на споменатите двајца им се суди во државава, а на другите тројца во Кралството Шпанија.

Според обвинителниот акт се започнало во јули минатата година и траело се до 18. декември, кога тие, заедно со другите тројцата, од кои едниот е македонски државјанин, односно му е брат на првообвинетиот), емале учество во неовластено купување, пренесување и продавање на кокаин со тежина од 698.758,1 килограми.

Како што тврди Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција групата организирала набавка и превоз на кокаинот кој доаѓал од Колумбија, а бил складиштен до Мадрид, од ксаде и се барале купувачи. За да не бидат откриени, во нивните постојани активности, обвинетите меѓусебно комуницирале со користење на енкрочат телефонски мобилни уреди, како и енкрочат мобилни апликации со заштитени канали, а користеле и уред за детектирање на евентуална полициска инсталација и на дигитални преноси за примена на посебни истражни мерки -инхибитор (PROTECT 1207i)“.

Инаку, Војислав Будисављевиќ, уште во 2009 година, во случајот наречен „Мадам Пепи“, во отсуство беше осуден на 3,6 години затвор. Тој, во 2014 година беше екстрадиран во земјава. Будисављевиќ се товареше за достава на 1.910 грама кокаинска паста, спакувана во пратки од 620, 705 и 585 грама, која што беше испратена по пошта од извесна Медлин Гуевара Макахуачи, од Перу.
Силвија Стојановака, од втората половина на минатиот декември е во кужен притвор, а Војислав Будисављевиќ издржува мерка притвор.

Спонзорирано