Шестмина осомничени за кражбата на два тона марихуана

412

Шест лица се водат како осомничени за кражбата на близу два тона марихуана, од складиште на фирма во селото Јосифово, која се случи пред само неколку дена.
Како во раните вечерни часови информираше портпаролот на Министерството за внатрешни работи, полицијата од вчера вечер до денеска претпладне вршела претреси на неколку локации во скопско Арачиново и како што сега стојат работите, многу е извесно со кривичната истрага да бидат опфатени и други лица.
Имено, како што потврдуваат од МВР акцијата во Арачиново уследила по добиени оперативни сознанија дека со извршени претреси во Арачиново ќе се расчидти разбојништво кор се случи ноќта меѓу трети и четврти овој месец, кога од склад на фирма во селото Јосифово беа украдени близу два тона марихуана.
„По добиената пријава, преземени се мерки и активности за расчистување на случајот и по добиени сознанија извршени се низа претреси во Арачиново, Горно Мојанци, Скопје, како и други локации, при што е пронајден дел од дрогата, како и други предмети поврзани со кривичното дело, а приведени се и дел од осомничените. За случајот до сега се осомничени шест лица и за нив се обезбедени докази. Истрагата продолжува и се проширува“, рече порѕпаролот Ангеловски и потврди дека во координација со обвинителството од Гевгелија, се преземаат дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Спонзорирано