Прегазил пешак и побегнал, судот му определил притвор од осум дена

768

Тетовското обвинителство отвори истрага за едно лице за кривични дела: загрозување на безбедноста во сообраќајот и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.
Постапката е отворена по настанот кој се случи во неделата, на регионалниот пат Тетово-Јажинце. Имено, сега осомничениот не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето. Тој, автомобил „форд ескорт“, возел со брзина неприспособена кон состојбата и условите на патот. Возејќи со поголема брзина низ населено место и по влажен коловоз тој не успеал да запре на време, па удрил во пешак кој во тие моменти поминувал преку патот. По несреќата осомничениот не застанал за да му укаже помош на повредениот, туку се дал во бегство. Оштетениот од здобиените повреди починал на местото на несреќата.
Инаку, за осомничениот, судот определил притвор во траење од осум дена.​

Спонзорирано