РУСКОВСКА ПРЕД РАЗРЕШУВАЊЕ, ТРАЈЧЕВА КАЗНЕТА ПАРИЧНО, ЈОСИФОВСКА БЕЗ ОДГОВОРНОСТ

391

Поранешната шефица на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковски, според Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност предлага да биде разрешана од функцијата јавен обвинител. Според мислењето на Комисијата вина е најдена и кај обвинителката Ивана Трајчева и таа ќе биде казнета парично, додека обвнителката Елизабета Јосифовска е ослободена од вина.
„За поранешна основна јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е утврдено дека е одговорна за сторена тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за Јавното обвинителство и Комисијата одлучи да поднесе предлог за нејзино разрешување до Советот на јавните обвинители. За една јавна обвинителка од ОЈО КОКК, за утврдена тешка дисциплинска повреда е изречена дисциплинска мерка – намалување на месечна плата во висина од 30 процени од исплатената нето плата во траење од шест месеци. За една јавна обвинителка Комисијата одлучи да ја ослободи од одговорност, бидејќи не се докажа дека сторила тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство“.
Од Обвинителството и поука дека против донесеното решение на Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција незадоволните страни имаат право на жалба пред Советот на јавните обвинители.

Спонзорирано