ПО ОСУМ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ПОРАНЕШНИТЕ МЕНАЏЕРИ НА „МАЃАР ТЕЛЕКОМ“

396

Скопскиот кривичен суд ги осуди на по осум години затвор поранешите менаџери на „Маѓар Телеком“, Атила Сендреј, Ролф Плат и Золтан Кишјухас.
Неправосилната пресуда како што информираат од скопска „единица“ се однесува на предметот заведен под број К.бр. 817/11 и е изречена во отсусутво на сега осудените.
„Согласно пресудата, обвинетите се огласени за виновни за кривично дело: несовесно работење во службата од чл. 353 во врска со став 4 а во врска со ст.3 во врска со став 1 од КЗ и се осудуваат на казни затвор од по 8 години за секој од обвинетите. Воедно со пресудата, обвинетите се задолжени солидарно да ја надоместат штетата од 67.407.760 денари на оштетената Репбулика Северна Македонија, како и судските трошоци за постапката“, се вели во кратката информација лиферувана од судот.
Аферата „Маѓар Телеком“ низ судските кулораи се провлекува повеќе од една деценија. Во март 2016. предметот му беше доверен на тогашното Специјално јавно обвинителство, а тие го поделија на два: првиот се однесуваше на сега осудените менаџери на „Маѓар телеком“, а вториот на високи државни функционери кои, наводно, биле корумпирани со 10 милиони евра. Со сведочењето на екс-директорот на Агенцијата за разузнавање, Слободан Богоевски, пред судот во Њујорк, беше потврдено дека на четворица високи државни функционери им биле исплатени по 2,5 милиони евра, а тие за возврат требало на фирмата-ќерка на „Маѓар телеком“, односно на „Македонски телеком“, да му овозможат монополска позиција на пазарот. Исказот на Богоевски беше прифатен како „респектибилен“ од Обласниот суд во Њујорк.

На судењето биле презентирани и 240 докази кои се во прилог на потврдување на милионската корупција. Но, судењето во Њујорк од тогашниот Јавен обвинител, Марко Зврлевски, беше оценет како обична „граѓанска парница“, иако само неколку месеци подоцна тој, „по јавно допрен глас“ нареди отворање на предистражна кривична постапка.

Спонзорирано