Прв казнен налог заради непридржување кон здравствените прописи

1814

Јавното обвинителство во Кавадарци до тамошниот суд го поднесе првиот предлог за издавање казнен налог против едно лице обвинето дека сторило кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Имено според обвинителството сега обвинетиот, со умисла, не постапил според писмената наредба на Министерството за здравство со која се определуваат мерки за спречување или сузбивање на пандемијата на опасна заразна болест – коронавирус COVID 19. Имено тој влегол во државата, вчера во 23.15 часот, враќајќи се од Германија, како средноризична земја утврдена на листата на Светската здравствена организација. Притоа одбил да потпише изјава за задолжителна самоизолација и да ја прими писмената наредба на Министерството за здравство.

Во текот на денешниот ден униформирани полициски службеници од ОВР Кавадарци била извршена контрола во неговиот дом во с. Дебриште, Росоман, обвинетиот не бил затекнат во домот и телефонски изјавил дека е на истовар на роба во Струмица. Јавниот обвинител, согласно Законот за кривична постапка, му предложи на Судот на обинетиот да му изрече парична казна во висина од 50 дневни глоби.​

Спонзорирано