Граѓанскиот суд одреди во кои предмети ке постапува

459

Основниот суд Скопје 2 – Скопје, согласно мерките и препораките од Владата за превенција од ширење на коронавирусот ќе работи само по итни предмети за примена на времени мерки, спорови за објавување на исправка на објавена информација, вонпарнични и извршни предмети во врска со воспитување и заштита на децата и обврски по предметите за издршка што произлегуваат од закон, регистрации на политички партии, вонпарнични предмети за задржување на лица во здравствена установа, попис на имотот на оставителот, составување на тестаменти, прием на поднесоци и други работи што се врзани со законски преклузивни рокови.

Имено, а согласно заклучоците на Владата на РС Македонија, во врска со спроведување на дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста КОВИД-19 препораките на Министерство за здравство, барањето за воведување на мерки на претпазливост и заштита од корона вирусот во правосудниот систем од Адвокатска комора на РСМ, заклучокот на Управниот одбор на Здружението на судии, како и одлуката за постапување на судовите во РСМ, во услови на зголемена опасност од коронавирусот, донесена од Судскиот совет, Граѓанскиот суд информира дека од денеска, до следно известување ги одложува закажаните, со исклучок на предмети за примена на времени мерки, спорови за објавување на исправка на објавена информација, вонпарнични и извршни предмети во врска со воспитување и заштита на децата и обврски по предметите за издршка што произлегуваат од закон, регистрации на политички партии, вонпарнични предмети за задржување на лица во здравствена установа, попис на имотот на оставителот, составување на тестаменти, прием на поднесоци и други работи што се врзани со законски преклузивни рокови, кои се сметаат за итни.

Судот информира дека ќе забрани влез на неслужбени лица во просториите на судот, освен на лица со уредна покана и предмети од итна природа.

Спонзорирано