Продолжува предистрагата за скандалот со медицинскиот отпад

1583

Скопското обвинителство од Државниот инспекторат за животна средина бара податоци за „Еко клуб“, а од Управата за финансиска полиција се бара проверка на финансиското работење

 

Скандалот со третманот на медицинскиот отпад, а по поднесена пријава веќе е во скопското јавно обвинителство. Оттаму информираат дека пријават а во предметот за третманот на медицинскиот отпад од страна на битолската фирма „Еко клуб“, на записник, поднесена од главниот инспектор во Град Скопје уште на 13. декември минатата година, односно три дена откако го регистрирал случајот. Со поднесување на пријавата, инспекторот не доставил и материјални докази, а за настанот не била приложена ни службена белешка, како ни записник за констатирани неправилности.
„Истиот ден по приемот на кривичната пријава, дежурниот јавен обвинител, пред кој беше пријавен настанот и кој изготви записник за прием на кривична пријава, издаде наредба до СВР Скопје да се направат неопходни проверки со кои ќе се обезбедат докази во поглед на наводите во пријавата“ се вели во соопштението на обвинителството и притоа се појаснува дека до нив било доставено известување со обезбедени и приложени следнива писмени докази: допис од Државниот инспекторат за животна средина со Записник за извршен инспекциски надзор од 12.12.2019 година, како и решение од тој инспекторат со кој се задолжува правното лице кај кое бил извршен надзорот да изврши мерење на емисии на гасови во воздухот од емитерот на автоклавот за третман на медицински отпад, годишен извештај за постапување со отпад од 30. јануари 2019 година со пропратна документација, извештај за тестирање кој се однесува на мерење и анализа на концентрацијата на загадувачки супстанции во отпадните гасови од емитер од 23. февруари 2018 година, договор за вршење услуга – третман на отпад од четврти октомври 2017 година, склучен меѓу „Дрисла“ ДОО Скопје и „Еко клуб“ – Битола, дозвола за вршење дејност – собирање и транспортирање на опасен отпад, од 18. ноември 2016 година, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање, дозвола за вршење дејност – складирање и третман на опасен отпад, од трети ноември 2016 година, одобрение за вршење на превоз на опасни материи во патниот сообраќај, тековна состојба за правното лице „Еко клуб“, податоци за правните субјекти со кои фирмата соработува во вршењето на дејноста, елаборат за животна средина за поставување на постројка за дезинфекција на медицински отпад решение за одобрување на елаборатот, фотодокументација за затекната состојба во просториите на правното лице, на 13. декември 2019 година, кога по наредба на јавниот обвинител бил извршен увид.
Од направените проверки и од обезбедените писмени докази Обвинителството, во предистражна постапка, утврдило битни факти за настанот, но зарасди целосно утврдување на фактичката состојба предистражната постапка ќе продолжи.
Обвинителствто бара од скопската полиција, конкретно од Единицата за економски и компјутерски криминал да се обезбедат снимките од мобилниот телефон на главниот инспектор во Град Скопје. До Државниот инспекторат за животна средина веќе е издадено барање за достава на податоци за сите дополнителни проверки и за констатираните состојби во постапувањето со медицински отпад од страна на правното лице, а до Управата за финансиска полиција е издадена наредба за проверки во поглед на финансиското работење на правниот субјект.
Обвинителствто, во зависност од доказите ќе знае каква јавнообвинителска одлука ќе биде донесена.

Спонзорирано