Полициски работници, блиски до Наќе Чулев, на распит

2468

Вработените во МВР се сомничат дека незаконски изнесувале докази и снимки обезбедени со ПИ-мерки за случајот „Поткуп“ со кој поранешната власт се обиде да го осомничи Зоран Заев

 

Четворица вработени во Министерството за внатрешни работи, за кои се говори дека се блиски до техничкиот министер Наќе Чулев, попладнево се повикани на распит во Осбновното јавно обвинителствто за гонење на организиран криминал и корупција поради сомнеж дека изнесувале докази за случајот наречен „Поткуп“.
Полициските работници, за кои медиумите пишуваат дека се блиски со личното обезбедување на Чулев, се сомничат дека изнерсувале и снимки обезбедени со римена на таканаречените посебни истражни мерки за случај кој е од почетокот на 2015. година и им ги давале на некои он-лајн медиуми. Она што засега се знае е дека на повиканмитер им се одземени мобилните телефони и тие се предадени за вештачење.
Од обвинителството, со оглед на тоа што случајот е во фаза на предистрага, не се соопштуваат информации за случајот, но помеѓу останатото ќе треба да се дадат и информации кои се однесуваат токму на снимки обезбеденми со ПИ – мирки, бидејќи законот предвидува нивно чување не подолго од шест месеци, а случајот „Поткуп“, односно обидот за местенка на тогаш лидерот на здржената опозиција, Зоран Заев, беше објавен токму од него.
Името на струмичанецот Иван Николов – Сачевалиев беше споменато токму од Заев, на почетокот на март 2015. година, на собир во Универзалната сала во Скопје, непосредно пред да се преслуша нов сет од таканаречените „бомби“. Со оглед на тоа што случајот беше „пресретнат“ една снимка, обезбедена со посебни истражни мерки, се појави во медиумите откако таа се најде на каналот „Ју тјуб“. Никој од обвинителствто на Марко Зврлевски не се обиде да открие како е можно ваков доказ, обебеден со тајно следење и снимање, се појави на „Сител“ телевизија.

( Љ.С.)

Спонзорирано