Обвинителството бара притвор за инспекторот од УЈП, поради опасност од бегство

1888

Постапка за кривично дело и барање за притвор за инспекторот од Управата за јавни приходи (УЈП) кој побара поткуп од 300 евра, денеска поведе Основното јавно обвинителство Гостивар, за злоупотреба на службена положба и овластување.
Од Јавното обвинителство информираат дека осомничениот инспектор во УЈП – Тетово побарал поткуп од 300 евра од сопственик на правен субјект во кој извршил контрола и констатирал неправилности.
„Иако оштетениот платил глоба за констатираните неправилности, осомничениот продолжил да му се јавува и да му праќа пораки во кои барал поткуп затоа што не извршил пломбирање на деловниот простор. Оштетениот го пријавил настанот во полиција и вчера се согласил да се сретне со осомничениот во угостителски објект во Гостивар. Притоа, му предал 150 евра во претходно обележани банкноти“, појаснуваат од ЈО.
Барањето за притвор, според обвинителствто е поради постоење на околности кои што укажуваат на опасност од бегство.

Спонзорирано