Жител не селото Дуброво, Неготино, е осомничен за трговија со безмалку 40 килограми наркотична дрога. За 29-годишниот поседувач на марихуана веќе е отворена кривична истрага за неовластено протизводство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а судија на претходна постапка му изрече и мерка притвор во траење од еден месец.
Полицијата, при претрес на домот и помошните простории во местото каде живеел осомничениот, а кој беше реализиран во четврттокот, биле 39.533 килограми марихуана. Осомничемиот дрогата ја подготвил за продажба. Таа била спакувана во 41 пакување, во најлонска фолија, залепени со бела трака и скриени на повеќе места во близина на домот на осомничениот и во помошна просторија.
Поради постоење на околности кои укажуваа дека притворот е неопходен за непречено водење на кривичната постапка, постоње на околности кои укажуваа на опасност од бегство и страв дека осомничениот ќе влијае на сведоци или пак ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци побарал, а судот прифатил изрекување на мерк притвор.
Притворен жител на Дуброво поради поседување 40 кила марихуана
Спонзорирано