ПРИТВОР ЗА ТРОЈЦА СТРУМИЧАНИ ПОРАДИ ГРАБНУВАЊЕ И СИЛУВАЊЕ

607

Настанот кој се случи на почетокот на овој месец, во центарот на Струмица, кога една девојка беше сексуално злоставувана, од денеска е предмет по кој постапува тамошното Јавно обвинителство.
Имено, Основното јавно обвинителство – Струмица денеска и формално отвори кривична истрага за три лица за кривични дела: грабнување и силување.
„Осомничените, како соизвршители, на осми овој месец, заеднички, грабнале една оштетена со намера да ја присилат на сексуален однос. Тие ја пресретнале жртвата на улица, на сила, ја внеле во автомобил и се упатиле кон подземна гаража во центарот на Струмица. Таму насилно ја соблекле и еден од осомничените извршил обљуба“, велат од Обвинителството и потврдуваат дека Судија на претходна постапка, од судот во Струмица, на осомничените им определил мерка притвор во траење од 30 дена.​​

Спонзорирано