СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ИЗБРА ПЕТМИНА НОВИ ЧЛЕНОВИ НА ОЈО ГОКК

266

За нови членови во Јавното обвинителство за организиран криминал се избрани Лиле Стефанова, Артан Ајро и Трајче Пеливанов, сите тројца поранешни обвинители во СЈО, како и Наташа Поп Трајкова од струмичкото и Катерина Колариќ од скопското основно обвинителство

Советот на јавни обвинители за ново членови на Осноцвното јавно обвинителство за гонење орган изиран криминал и корупција ги избра Лиле Стефанова, Артан Ајро и Трајче Пеливанов, сите тројца поранешни обвинители во СЈО, како и Наташа Поп Трајкова од струмичкото и Катерина Колариќ од скопското основно обвинителство.
Изботрот на овие петмина, од вкупно пријавените 14 кандидати е со по 11 гласа „за“, со исклучок на Стефанова јкоја има еден глас помалку, бидејќи против нејзиниот избор гласала обвинителката Фиданка Рајевска.
Рајевска за член на Советот на Јавни обвинители беше избрана на 30. јуни 2016 година, а не цели две години подоцна таа ќе биде и против изборот на Лидија Раичевиќ за обвинител во ОЈО ГОКК. Тогаш, како причина за таквнуиот нејзин однос се спомнуваше предметот наречен „Банки“, кој што го работеше Раичевиќ, а во кој како осомничен се водеше сопругот на Фиданка, Љубе Рајевски. Имено, Љубе Рајевски, како директор во „НЛБ Тутунска банка“ беше осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувањето и за перење пари и други приноси од казниво дело.
Инаку, меѓу оние кандидати кои не успаа да влезат во ОЈО ГОКК се и неколкумина обвинители од поранешното Специјално јавно обвинителство.

Спонзорирано