Прилепчанец, на возраст од 31 година, е осомничен дека сторил кривични дела: полов напад врз дете кое не наполнило 14 години и за прикажување порнографски материјал на дете, односно дека извршил полови дејства врз 13-годишно дете.
Немилиот настан се случил на осми овој месец, во населбата „Тризла“, во Прилеп. Делото било извршено така што сега осомничениот дошол пред домот на оштетеното девојче, а потоа ја повикал да дојде со него да купат пиво од продавница. Детето се согласило и заедно отишле до продавницата од каде купиле пиво, но на негово барање тие се упатиле во близина на гаражите од околните згради, а потоа застанале во неосветлениот парк каде започнал да ја прегрнува и да ја влече кон себе.
Девојчето, за да се спаси, од него побарало 100 денари за да купи вода со ветување дека ќе се врати. Тој се согласил и ѝ дал пари, но таа побегнала пред нејзиниот дом биле другите деца. Набргу таму се појавил и осомничениот. Тој повторно побарал да оди со него, но девојчето не се согласило, по што тој ги избркал другите деца, а потоа седнал до неа и од мобилниот телефон почнал да ѝ прикажува видео записи со порнографска содржина. Тој инсистирал девојчето повторно да оди со него кај гаражите, но тоа не се согласило, по што продолжил да ја гушка и допира.
За осомничеиот, по предлог на Јвниот обвинител, Судија на претходна постапка му определил мерка притвор во траење од 30 дена.
ПРИЛЕПЧАНЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА ПОЛОВ НАПАД ВРЗ ДЕТЕ
Спонзорирано





