ПРИФАТЕНО ОБВИНЕНИЕТО ЗА ЖАН МИТРЕВ, СУДЕЊЕ НА КРАЈОТ НА МЕСЕЦОВ

667

Совет за оценка на обвинителен акт, од скопскиот кривичен суд, постапувајќи во оценка на обвинението против академик Жан Митрев и неговата клиника, донесе одлука со која го прифаќа обвинениението поднесено од Основното јавно обвинителство – Скопје, а со кое тие се товарат за продолжено кривично дело – измама.
„Ценејќи ги сите приложени факти и аргументи на странките донесе решени со кое актот го одобри во целост. По одобрениот обвинител акт, оформен е кривично правен предмет со К.бр. 349/23 кој согласно АКМИС системот е распределен кај судија на понатамошно постапување и насрочен е термин за главна расправа на 28.02.2023 година во 9:30 за што ќе бидат испратени покани до странките“, се вели во краткото соопштение на судот.
Прифаќањето на обвинението притов Жан Митрев и неговара клиника доаѓа само еден месец по поднесувањето на обвинението од скопското Јавно обвинителство.
Како што веќе пишувавме Митрев се товари дека дека заради прибавување на значителна противправна имотна корист, а со прикривање факти, ги довел во заблуда пациентите кои се лекувале во болницата од Covid-19 и кај кои била извршена хемофилтрација со што остварил заработка од 97.461.600 денари или околу 1,6 милиони евра.
Обвинетиот Митрев, на пациентите им прикажувал дека методот хемофилтрација е одобрен да се применува и е ефикасен за лекување од Covid – 19, притоа користејќи ги приликите на здравствената криза предизвикана од пандемијата, а се повикувал на документ издаден од Американската управа за храна и лекови, од април 2020 година, со кој на компанијата „Бакстер“ и било издадено овластување за вонредна употреба на Оксирис сетот (Oxiris Set Device), како средство со кое се спроведува постапката за хемофилтрација кај пациенти на возраст над 18 години кои се на интезивна нега.

Спонзорирано