ОД ДОМОТ НА МАРЈАН СТАМЕНКОВСКИ ЗАПЛЕНЕТА ГОЛЕМА СУМА ПАРИ

547

Сопственкот на „Доказ“ се сомничи за закани и уцени кон новинарки, свешеници и други лица.

Некои медиуми шпекулираат дека во неговиот дом полицијата пронашла и запленила 100.000 евра

 

Неколку кривични дела му се ставаат на товар на сопственикот на порталот „Доказ“, Марјан Стаменковски, откако вчера вечер полицијата, п налог на скопското Јавно обвинителство изврши претрес во неговиот дом во скопската населба Влае.
Како што информираат од Обвинителството Стаменковски се сомничи дека сторил две кривични дела: ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и злоупотреба на лични податоци.
Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против осомничениот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на веб порталот во негова сопственост. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје во целиот наведен период преземаше интензивни истражни дејствија со кои беа обезбедени доволно докази кои даваат основано сомнение дека пријавениот ги сторил кривичните дела“, се вели во соопштенето кое утрово го лиферуваше Јавното обвинителство, а од каде и потврда дека серијата пријави против Станковски започнала уште на 11. февруари минатата година кога една телевизија пријавила пиратерија на аудиовизуелно дело, а веќе на 18. мај тој бил пријавен од свештеници на МПЦ-ОА дека те, наводно, свештеници биле поврзани со домашни и странски тајни служби, а со цел да предизвика револт и омраза. Освен навреди, пцости и клевети, тој во текстовите упатувал и закани, објавеното било споделувало и на неговиот личен профил на една социјална мрежа.
Само еден ден подоцна проитв сега осомниениот била поднесена уште една пријава, овој пат од две новинарки кои изјавиле дека позадина на објавите на веб порталот „Доказ“ била да им се изврши притисок и цензура, а дополнително, во телефонски разговор со сопругот на една од новинарките тој упатил и директни закани кон неа и нејзиното семејство.
Едно оштетено лице до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава според која во периодот од 10. јануари до втори февруари оваа година, осомничениот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, му се заканувал дека ќе открие нешто што може да му наштети на неговиот углед и чест и се обидел да го присили оштетениот да стори нешто на штета на својот имот. Преку социјална мрежа осомничениот го контактирал оштетениот и го повикал на средба за да го уценува дека на веб порталот ќе објави приватни фотографии и информации за него. Откако оштетениот одбил средба, на интернет порталот биле објавени повеќе текстови за него, со кои осомничениот наштетил на угледот и честа на оштетениот“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.
Она што на овој случај му дава посебен тон е сознанието до кое дошло Обвинитлството, а се однесува на текот на постапките кои се воделе против Стаменковски, а за кои тој добивал информации од истражител во Обвинителството. Имено, тој, преку вивер комуникација од истражителката се информирал за повеќе актуелни кривично-правни предмети и секако за неговиот случај. Во обид да влијае врз постапката што се водела против него, а од приватната комуникација со истражителката, без согласност објавил лични податоци и фотографии на четворица истражители во ОЈО Скопје кои поднеле кривична пријава за сторена злоупотреба на лични податоци. Инаку, истражителката која споделувала податоци со осомничениот веќе не е дел од Истражниот центар на ОЈО Скопје и за неа ќе се води постапка пред Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди во Министерството за внатрешни работи.
Освен за наведените кривични дела, наредбата за претрес беше обезбедена и бидејќи постоеше сомнение дека кај осомничениот можат да бидат пронајдени докази и за други кривични дела. При претресот, кај него беше откриена документација, електронски уреди кои ќе бидат предмет на вештачење, како и поголема сума парични средства за кои постои сомнение дека потекнуваат од други кривични дела“, велат од Обвинителстото притоа не прецизирајќи за колкав износ се работи, но некои медиуми веќе објавија дека од Марјан Стаменковски, наводно, биле запленети 100.000 евра.​

(Фото: Фокус)

Спонзорирано