ГОРАН ТРАЈКОВСКИ:„ДПИ НЕ Е ЗА ДА КАЗНУВА, НО ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ВАЖАТ ЗА СИТЕ!“

397

Многу новини ќе следат во перидот кој е пред нас во работењето на Државниот пазарен испекторат (ДПИ) најави директорот Горан Трајковски на денешниот брифинг со новинарите од кои побара отворена соработка, како една од алатките кои оваа институција ги најавува како една од новините.
Потсетувајќи дека ДПИ постапува со примена на 80 закони и подзаконски акти Трајковски акцентот го става на заштитата на правата на потрошувачите. Во таа смисла тој најавува уште поголемо приближување кон обичниот граѓанин кој е најзагрижен од цените, иако ДПИ не може да влијае на формираните цени, но секако може да влијае врз висината на трговската маржа.
Многумина го доживуваат ДПИ како тело кое е создадено исклучиво заради казнување, но иако ја имаме и таа можност, нашата цел е да интервенираме секаде каде ќе се констатираат одредени неправилности. Немаме намера да постапуваме селективно и затоа ќе инсистираме на почитување на законите кои важат за сите подеднакво. Всушност, нашата цел е ги заштитиме потрошувачите од евентуални злоупотреби и затоа бараме поддршка од медиумиите, но и поголема активност на граѓаните“, вели директорот на ДПИ, Горан Трајковски.
Според најавивте кои доаѓаат од ДПИ во наредениот период ќе следи ќе имплементира функционална мобилна комуникација, односно нова форма на реакција на потрошувачите за одредени неправилности, а по која ќе може веднаш да се интервенира. Освен мобилната апликација од ДПИ и најави за обуки и семинари, како и информирање по пат на брошури и други печатени и електронски форми на информирање.
Само во минатиот месец ДПИ реализирал повеќе од 1.500 надзори на цела територија на целата држава, а од спроведените надзори биле констатирани прекршоци сторени од субјекти за што биле издадени прекршочни платни налози во вредност од над девет милиони денари или нешто повеќе од 150.000 евра.
Најмногу казни (100) биле изречени поради кршење на Закон за финансиска дисциплина, а потоа следат казни поради непочитување на Законот за заштта од пушење и Законот за трговија. Најмал број на изречени казни се однесуваат на прекршување на Законот за вршење на угостителска дејност и Законот за заштита на потрошувачите.

Спонзорирано