Пресечен канал за шверц на илегални мигранти

246

До Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал, кое се јавува како координатор на акцијата, веќе е поднесена кривична пријава за 12 лица

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Секторот за криминалистички истраги, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, СВР Струмица и Регионалните центри за гранични работи „Југ“ и „Исток“, а се во координација со Јавен обвинител од Обвинителствтото за гонење на организиран криминал и корупција, денеска резлизираа акција со која е пресечен канал за кримучарње на мигранти. „Криминалистичката истрага над организираната 12-члена криминална група, која подолг временски период делуваше на тeриторија на Република Северна Македонија, се спроведуваше во изминатите десетина месеци, од страна на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, во периодот од декември 2019 година до сега“, изјави портпаролот на МВР Тони Ангеловски и ќе појасни дека организатори на групата се лицеро М.С. (49) и неговиот син С.С. (23), двајцата од Богданци, потоа А. А.(42), од Скопје и А.М.(47), од село Лојане. Овие, во соработка со лица од Грција, организирале криминална група со која на територијата на државава, организирала криумчарење на стотина илегални мигранти. Најголем број од мигрантите биле од Aвганистан, Пакистан, Сирија, Иран и Египет, но имало и лица и други земји од Блискиот и Средниот Исток.
Врз основа на претходен договор помеѓу организаторите на криминалната група, мигрантите на територијата на државава биле пренесувани од Грција, преку илегални премини на таканаречената „зелена граница“, односно во околината на Гевгелија и Дојран, од каде потоа со помош на водичи биле носени на претходно утврдени и договорени локации, по што членовите на организираната криминална група ги прифаќале и со возила ги превезувале до одредени локации во Кумановско-Липковскиот регион. Организаторот на криминалната група од Кумановско-Липковскиот регион, го организирал нивното прифаќање и времено сместување во објекти на членови, криминални соработници и помагачи на криминалната група, а кога ќе се створеле услови, мигрантите биле прокриумчарени преку границата со Србија, а оттаму кон државите од Европската унија. Цената на транспорт по лице изнесува од 500 до 700 евра.
„Извршени се претреси во 10 објекти во Гевгелија, Скопје, Штип и Куманово, а лишени од слобода беа 10 лица, додека еден веќе издржува мерка притвор, за претходно сторено кривично дело ‘криумчарење’ мигранти“, соопшти Ангеловски.
До Јавното обвинителствто веќе е поднесена кривична пријава за 12 лица и според пријавата, веќе споменатите М.С., С. С., А.А. и А.М., се сомничат за сторени кривични дела: организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти- и за криумчарење на мигранти, а Б.Ј. (22), М.М. (21) и Д.С. (29), тројцата од Богданци, Т.К.Ц. (53), од Штип, , Ј.К. (23), од Богданци и Т.М. (36) од Валандово, , Д.Љ. (39) и Ф.А., двајцата од Скопје, за организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти, круиумчарење на мигранти и за помагање.

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека и во периодот што следи ќе се преземаат интензивни мерки и активности со цел сузбивање на криумчарењето на мигранти, како и на сите други видови криминал.

Спонзорирано