Десетина инфицирани во скопскиот кривичен суд!

1167

Одложувањето на судењето за предметот Таргет – Тврдина“ кое што беше побарано од одбраната на Сашо Мијалков, а со објаснување дека постојат сериозни индиции дека и обвинетиот е инфициран од корона вирусот, за жал, се покажаа како точни. Тестот покажал дека Мијалков е позитивен на Ковид – 19 што, пак, ќе претпостави одложување на судењето за некој дополнителен период.
Судењето за „Таргет – Тврдина“ кое се одлага поради корона вирусот не е единствено. Имено, пред точно две недели, во скопса „единица“ се одложено и судењето за предметот наречен „Тортура“. Како причина за одложување беше наведено неприсуството на судијката Александра Ристеска, а која, исто така, била инфицирана од корона – вирусот. Судијката, токму поради сериозноста на нејзината нарушена здравствена состојба беше хоспитализирана.
Скопскиот кривичен суд, каде што според некои проценки дневно минуваат и по неколку илјади граѓани, ги почитува сите предвидени протоколи кои се однесуваат на работење во посебни услови, но изгледа дека е невозможно да се спречи „влезот“ на вирусот.
Како што „Правосудство“ неофицијално дознава освен судијката Ристеска, заразените се и нејзините колеги Марјан Грубиша и Драган Николовски, судии од Одделот за прекршоци, но и една записничарка која работи со еден од споменатите судии.
Меѓу оние кои се водат како заразени е и еден млад службеник кој на јавноста и е познат по тоа што учествуваше во упадот во Собранието на РСМ, на 27. април 2017 година, но и уште неколкумина други негови колеги, па дури и еден судски полицаец.

(Љ.С)

Спонзорирано