Поведена постапка за лицата кои превезуваа 10 кила марихуана

    423

    Велешкото јавно обвинителство отвори истрга за две лица кои, пред два дена, се обидоа да прошверцуваат 10 килограми марихуана.
    Како што информораат од обвинителствтото, едното „анонимно“ лице, инаку на возраст од 32 години, во камион со полуприколка пренесувал 9, 855 килограми марихуана. Во извршувањето на делото нему, со умисла, му помогнал сега второосомничениот кој му го ставил камионот на располагање.
    „Двајцата осомничени, по претходен договор, а со цел пренесување на дрога, искористиле претходно договорено патување на првоосомничениот во Република Турција каде со товарно возило со полуприколка требало да се однесе дрвена граѓа. Ноќта, пред да појде на пат, второосомничениот ја донел дрогата во патничко моторно возило кај село Смоквица каде се сретнал со првоосомничениот кој го управувал товарното возило. Дрогата била спакувана во 20 полиетиленски пакувања исполнети со наркотична дрога-марихуана сместени во две торби и еден куфер. Второосомничениот кога влегол во тварното возило кое го управувал првоосомничениот ја распоредил дрогата на повеќе места во возилото“, се вели во службеното соопштение на обвинителството и притоа се појаснува дека кога осомничените, во текот на ноќта, со камионот пристигнале на преминот Стар Дојран, возилото било исконтролирано и притоа била пронајдена дрогата.
    Инаку, за двајцата осомничени за недозволена трговија со наркотични дроги Судија на претходна постапка изрекол мерка притвор во траење од 30 дена.

    Спонзорирано