Потпретседателката на „Меѓународниот сојуз“ на распит во кривичниот суд

1465

Потпретседателката на „Меѓународниот сојуз“, Јасна Ерцеговиќ-Мандиќ, вечерва е спроведена во кривичниот суд во Скопје каде, пред судија на претходна постапка, треба да даде исказ за работењето на невладината организација на чие чело е Бојан Јовановски викан Боки 13.
Како што е познато денеска Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе нова кривична постапка во која повторно е осомничен Боки 13, но и неговиот татко Миле, како и сега приведената Мандиќ. Токму за неа беше кажано дека обвинителството ќе побара изрекување на мерка притвор.
Дали судот ќе го прифати барањето на обвинителството или не ќе се знае дури откако осомничената ќе заврши со давање на првична одбрана, но она е сигурно е дека таа се сомничи дека помагала при извршување на кривичното дело: перење пари и други приноси од казниво дело и дека за измама се товари правното лице, односно таканаречениот „Меѓународен сојуз“.
Осомничената Јасна Мандиќ, освен што му е заменичка на Боки 13 во нивниот „Меѓународен сојуз“ таа е и директор во сега веќе пропадната „1 ТВ“. Сомневањата дека „Меѓународниот сојуз“ бил се освен организација која се занимавала со болни и изнемоштени лица се потврди со упалатите од 719.905 евра од едно правно лице од Битола и уште 233.821 евра од фирма од Струга.
За Јасна Мандиќ се знае дека пред десетина години формирала невладина организација која била наречена „Ресурсен центар“ кој, пак, требало да се занимава со деца со посебни потреби. Во 2017. година таа ќе му пристапи на здружението коешто го формира Боки 13.

( Фото „Телма“)

Спонзорирано