Поради непочитување на Владини наредби Обвинителството отвори предмет за Агатангел

2847

Велешкото Основно јавно обвинителство, по допрен глас во јавноста, отвори предмет кој е насочен против митрополитот Агатангел и Повардарската епархија, откако тој јавно ги повика верниците да дојдат во црквите во деновите додека трае Духовденската задушница, а што е во спротивност со наредбите на Владата и на препораките дадени од Комисијата за заразни болести.
Имено, Владата забрани, но Агатаангел ги повика верниците, масовно, да ги посетат верските храмови. Прв кој му се спротистави на митрополитот беше токму министерот за здравство, Венко Филипче, кој ги појасни причините поради кои се воведува забраната и се воведува ксарантин во Скопје и во уште неколку други градови во државата.
„Со цел утврдување факти во предметот и евентуална кривична одговорност, велешкото Обвинителство даде насоки на СВР – Велес, за обезбедување податоци во однос на стореното дело и испитување на околностите, односно дали содржи обележја на кривично дело, како и во поглед на почитувањето на мерките што ги определи Владата“, се вели во соопштението на Јавното обвинителствто кое потсетува дека Повардарската епархија на МОЦ-ОА денеска ги повика верниците в петок и в сабота, од 8 до 14 часот, кога е на сила полициски час, да дојдат во дворовите на црквите на литургија по повод празникот Духовден.

Спонзорирано