Отфрлена кривичната пријава за кумановскиот градоначалник

    354

    Градоначалникот Максим Димитриевски и раководителот на ЦУК​, според обвинителствто, ги испочтитувале сите здравствени протоколи и не сториле некакво кривично дело

     

    сториле некакво кривично дело

    Кумановското Основно јавно обвинителство инфоремира дека по „сеопфатно проучување на наводите во кривичната пријава поднесена од СВР-Куманово, против градоначалникот на Куманово и раководителот на Центарот за управување со кризи од Куманово, а за сторено кривично дело – непостапување според здравствените прописи од член 206 став 1 од Кривичниот законик“ е донесено решение со кое се отфрла пријавата, бидејќи не се утврдени елементи на сторени кривични дела.
    Кривичната пријава за градоначалникот Максим Димитриревски и за раководителот на ЦУК беше поднесена на 24 април и со бнеа тие се товареа дека за време на епидемија постапиле спротивно на здравствените прописи, односно дека откако претходно биле тестирани и им било дијагностицирано присуство на вирусот COVID-19, по што добиле и Решенија за задолжително домашно лекување и изолација, се упатиле на тестирање во Скопје во три приватни лабаратории – иако не смееле да го напуштаат просторот каде биле сместени.
    „По разгледување на пријавата и извршената анализа на сите докази приложени кон неа, како и по извршени дејствија за утврдување на факти во предметот, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово констатираше дека пријавените како асимптоматски носители на вирусот и лица кои поради нивната здравствена состојба спаѓаат во група на висикоризичи пациенти, откако ги добиле решенијата за задолжителна самоизолација и домашно лекување побарале дополнително тестирање и второ стручно мислење за сопствената здравствена состојба, што е согласно член 9 став 1 од Законот за заштита на правата на пациентите. Притоа, пријавените извршиле консултација со матичните лекари и закажале контролен преглед на Инфективното одделение во Општата болница Куманово за 22. април оваа година“, се вели во соопштението лиферувано од кумановското обвинителство, а во кое се појаснува дека еден од пријавените, приватно, ангажирал и платил од сопствена сметка амбулантно возило со кое утрината , истиот ден, двајцата пријавени биле превезени во Скопје и обратно за контролни тестирања во приватни болници и лабараторија. Превозот во амбулатното „ковид-возило“ бил извршен согласно на медицинските протоколи, под целосна заштитна опрема на возачот и пациентите. Превозот тие го пријавиле и во МВР , односно на телефонот „192“, во Центарот за известување и командување при СВР Куманово.
    „Откако им биле земени примероци, согласно медицинските протоколи, пријавените со истото амбулантно возило се вратиле назад во Куманово, каде веднаш во Инфективното одделение во Општата болница им биле земени примероци на крв за анализа, бил извршен преглед и рентгенско снимање. Резултатите од извршеното тестирање во Скопје биле негативни, исто како и резултатите на извршено дополнително тестирање од страна на екипа од приватна болница која дошла во домовите на пријавените“, се вели во одлуката на обвинителството и притоа се потврдува дека тие останале во домашна изолација цели 14 дена, односно до добивање на два последователни негативни резултати од овластената лабараторија.
    Имајќи ги предвид сите преземени дејствија на пријавените, начинот на кои ги преземале и особено околностите во кои тие биле преземени, обвинителството утврдило дека е неспорно дека пријавените за време на епидемија на заразната болест не постапиле спротивно на ниту еден пропис или наредба со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување, односно дека во постапувањето на пријавените не се содржани елементи на кривичното дело: непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

    Спонзорирано