ПОЛИЦИЈАТА СО ПРЕТРЕСИ ВО „1 ТВ“, ВО ДОМОТ НА „БОКИ 13“ И КАТИЦА ЈАНЕВА

    2578

    Полицијата, по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал, во моментов врши претреси на неколку локации, а по денешното приведување на Бојан Јовановски алиас „Боки 13“ и на Зоран Милески познат и како Зоки Кичеец.
    Последните информации говорат дека претреси се вршат во „1 ТВ“, односно во канцеларијата на Јовановски, но и во домот на неговите родители во скопската населба Тафталиџе. Според истите сознанија претрес се врши и во домот на Катица Јанева, која утрово поднесе оставка на местото шеф на Спрецијалното јавно обвинителство.
    Како пишувањето на „Фокус“ од Јанева е одземен нејзиниот мобилен.
    Инаку Бојан Јовановски и Зоран Милески во момњентов се во скопскиот кривичен суд каде даваат своја одбрана пред Судија на претходна постапка. Обвинителството за двајцата осомичени за кривични дела противзаконито влијание и за перење пари бара изрекување на мерка притвор.
    Во меѓувреме, Миленко Неделковски, на својот фејсбук профил најави апсење и притвор за Јанева, но и за уште двајца нејзини колеги поради примање мито од 600.000 евра, апсење на судија од кривичниот суд поради, наводен, поткуп од 250.000 евра, а говори и за моментите на апсење на Бојан Јовановски, на граничниот премин „Богородица“ и тврди дека во тие моменти со него била водителката Лила Филиповска.

    Спонзорирано